Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од седмото коло во Лигата на Европа.
Арбитри од Естонија ќе го судат натпревар на македонскиот претставник Еурофарм Пелистер на гостувањето кај Скандерборг.
Станува збор за Марион Кун и Алвар Тинт, а делегат на овој натпревар ќе биде Австриецот Кристијан Кашуц.
Натпреварот меѓу Скандерборг Архус и Еурофарм Пелистер се игра во вторник на 7 февруари од 18:45 часот во „Церес Парк“.