Босански судии за наjважниот европски дуел на Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последното, 10. коло во Лига на Европа.

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер на свој терен силите ќе ги одмери против незгодниот состав на Мотор Запорожје.

Пелистерци со евентуална победа, но и со реми, ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

Избраниците на Ларс Валтер доколку загубат, тогаш предвреме ќе ја завршат европската авантура оваа сезона.

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор ќе го судат Александар Јовиќ и Недим Арнаутовиќ од БиХ, додека делегат на овој натпревар ќе биде Емил Бешлија од Црна Гора.

Еурофарм Пелистер и украинскиот шампион главната битка за пласман во осминафиналето ќе ја одиграат на 1 март во спортската сала „Боро Чурлевски“ , со почеток од 20:45 часот.