Судиите и делегатите на тест пред новата сезона, но на крајот на август

Арбитрите кои се на листата за новата сезона ќе имаат еден месец за подготовка за да можат да го одработат тестот според планот односно да дојдат до посакуваниот резултат и д добијат лиценца за извршување на работата во новата сезона.

Датумот кога судиите и делегатите ќе бидат на тестирање е 29 август, па имаат доволно време дотогаш да успеат да се подготват.

Судиите ќе имаат и физички дел, каде ќе го полагаат шатл-ран тестот, а тој ќе биде во истиот ден кога и тестирањето. Сепак, поради ситуацијата со Ковид 19 засега не е позната салата во која ќе биде одржано тестирањето.