Судиите бараат извинување од Вардар – во спротивно нема да судат на ниту еден нивни меч

Ракометните судии од Македонија побараа извинување од РК Вардар во врска со изјавите на извршниот директор Борко Ристовски, или во спротивно ќе им ја „исполнат желбата“ и нема да бидат службени лица на нивните натпревари, но на сите од домашното првенство.

Судиската организација смета дека нивното реноме како организација е почитувано и докажано на сите полиња и нема да дозволат да се нарушува имиџот и реномето на истата од било кој поединец или спортски субјект.

Во продолжение ви го пренесуваме целото известување на Здружението на ракометни судии на Македонија.

Со чудење ја прочитавме последната изјава на извршниот директор на РК Вардар 1961 г-дин Борко Ристовски и сакаме по истата да се произнесеме бидејќи дирекно бевме посочени како главни виновници за успехот или неуспехот на поедини екипи.

Пред да го искажеме нашиот став околу неговата изјава дозволете да се навратиме на неколку битни моменти околу целата судиска организација која е ценета од сите европски и светски организации со тоа што од самото оформување па се до ден денешен нејзините членови се учесници на сите врвни натпреварувања. Почнувајки од плеадата судиски парови од постарата генерација предводена од Марјан и Драган Начевски како и денешната генерација предводена од Начевски Ѓорѓи и Николов Славе како и другите 6 меѓународни парови некои од нив исто така се здобија и со ИХФ знакот и да не ги заборавиме и огромниот број судии кои ја делат правдата на натпреварите во домашното првенство.

За да не одземаме време со набројување на сите важни учества на нашите членови ќе наброиме само неколку учества на олимпијади, светски, европски првенства како и на континенталните купови независно во женска или машка конкуренција. Некои од нив имаа и можност да ја делат правдата и во други првенства со што кажува за квалитетот и реномето на македонските судии, да денес некој се дрзне да бара судии од странство за кои многу пати сме слушнале и прочитале од истиот клуб дека биле оштетени во некој од европските купови.

Бидејќи нашето реноме како организација е почитувано и докажано на сите полиња нема да дозволиме да се нарушува имиџот и реномето на истата од било кој поединец или спортски субјект. За таа цел ќе поставиме контра теза на тврвдењата на извршниот директор на РК Вардар 1961.

Дали некој се запрашал во РК Вардар 1961 како со истите овие судии изминатите години ги освоил 15 првенствени титули и 15 титули во купот на Македонија како и 3 или 4 титули во супер купот? Дали откако се изгуби приматот во првенството но не и во купот и супер купот и истите тие судии од страна на РК Вардар 1961 заслужуваат да бидат посочени како главни виновници за успехот или неуспехот на некој клубови или сето ова доаѓа како добро смислено сценарио како притисок на службените лица за престојниот дерби натпревар и престојното првенство?

Ако управата на РК Вардар 1961 е сеуште на истиот став и не се извини на судиската организација, ние сме спремни да го удостоиме барањето на РК Вардар 1961 на натпреварите од домашното првенство и да не бидеме службени лица, меѓутоа оваа одлука ќе важи за сите натпревари на РК Вардар 1961 во домашното првенство а не само на оние кои они ќе побараат.

 

Реакцијата на судиите доаѓа од интервјуто на Ристовски за клупскиот вебсајт во кој една од темите беше и судењето.