Здружението на ракометни тренери на Македонија има и Стручен совет, кој има консултативна улога, но тој постои само на хартија, затоа што никој не се посоветувал, ниту побарал негово мислење кога е во прашање поставување на тренер во клуб или селектор на национален тим.
„Постои Стручен совет само на хартија. Клубовите не побарале помош, а во последните години ниту РФМ не се консултира кога станува збор за селектор, Управниот одбор на Федерацијата си одлучува сам. Вистина е дека порано сум бил прашуван од претседателот за тоа кој е мојот став и ставот на Здружението, но за последните одлуки – не! Некако се измешаа коцките, односно се растури системот. Во машка репрезентација имаме селектор, кој е селектор на сите репрезентации, кој е се уште активен играч, капитен… Кај жените имаме селектор, кој исто така ги предводи сите селекции и е тренер на машка екипа во Прва лига. Не е природно некако! Тренерите реагираат на тоа и жал ми е затоа што ние како Центар за едукација, кој произведува кадар дозволуваме да се растури системот. Кажете ми една држава каде еден селектор е на сите селекции! Ако може еден човек да биде сè, тогаш зошто произведуваме тренери?“ – вели првиот човек на тренерската фела во Македонија, Гино Стрезовски.
Во продолжение погледнето го целосниот разговор со Стрезовски…
ИНТЕРВЈУ ГИНО СТРЕЗОВСКИ: Само кај нас може да има еден селектор за сите селекции!