Струмичани останаа без интернационалецот – Тасковиќ си замина од Астраион

Единственото интернационално засилување за струмички Астраион, Давор Тасковиќ, си замина од новиот суперлигаш.

Искусниот српски лев бек, кој во биографијата има титула од Челинџ Купот, имаше договор на два месеци со Астраион, но потоа немаше продолжување на соработката.

Тој настапи на две средби за струмичкиот клуб. На првиот дуел и големата победа над Радовиш со 34-32, беше стрелец на три гола, а во поразот од Пролет на гости даде два гола.

Астраион досега одигра пет средби од првиот круг и забележа само еден триумф и четири порази. Останува во среда да одиграат дуел со КЛ7 на домашен терен.