Екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар и во оваа година ќе се борат за трофејот во Супер Купот.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) како домаќин за годинешното издание ја одбра Струмица.
Спортската сала „Парк“ ќе биде претесна за сите ракометни љубители, со оглед на тоа што капацитет на салата е за околу 2000 навивачи.
Во Струмица ќе присуствуваат и навивачките групи на двете екипи, „Чкембари“ и „Комити“.
Дефинитивно, покрај добар ракомет во „Парк“, ќе бидеме сведоци и на феноменална атмосфера на трибините.
Утрешниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.
Во последните две сезони трофејот во Супер Купот го освојуваат ракометарите на битолскиот тим.