Во интересен натпревар составот на Стружанка си замина со три бода од гостувањето во Скопје кај тимот на Спартак откако дојде до победа со 26:20.
Стружанки наидоа на силен отпор и во натпревар со малку погодоци, сепак, успеаја да бидат подобри за да стигнат до бодовите на овој дуел. Работите речиси постојано под нивна контрола откако во поголемиот дел од средбата имаа и предност.
Првото полувреме мина во поголема израмнетост. Долго се бараше играта за некој тим да дојде до предност односно да успее да поведе со поголема разлика. Тоа дојде до израз дури некаде во финишот.
Последен пат во првиот дел беше нерешено при 10:10, а потоа со 2:0 гостинките дојдоа до плус два за одмор.
Во вториот дел веќе беше поинаку, кога составот на Стружанка имаше постојана контрола и знаеше како да ја зачува предноста и да ја зголеми. Спартак не можеше да остане во ритам така што на крајот од средбата разликата беше шест гола, а бодовите заминаа за Струга.
СПАРТАК – СТРУЖАНКА 20:26 (10:12)
Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јованов од Штип. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.
СПАРТАК: Стојковска, Самарџиоска, Гроздановска 3, Коларовска 9, Китановска, Георбиервска, Трајановска, Василева 2, Стефановска 3, Ангеловска 1, Ивона Кимовска, Ива Кимовска 1, Кузмановска, Божиновска 1.
Седмерци: 3/6, Исклучувања: 10 мин.
СТРУЖАНКА: Ристоска, Митоска, Јовичинац 2, Голабоска, Маркоска 2, Дукоска 5, Переска, Б. Затуроска 1, Јоноска 1, И. Затуроска 2, Ѓоршулеска, Јусуфи, Петреска 5, Делиоска 8.
Седмерци: 1/1, Исклучувања: 14 мин.