Стружанка убедлива на свој терен за нови три бода

Ракометарките на Струга дојдоа до нова победа во Женската лига откако во 10. коло беа убедливи против тимот на Кузман Вардар Илинден, а на домашен терен славеа со 30:18.

Победата ја обезбедија во првите 30 минути кога направија разлика од 11 погодоци. Тргнаа силно од стартот и во ниту еден момент не дозволија да има изненадување. Од првата минута беше јасно дека гостинките тешко ќе можат да следат, па нив не им остана ништо освен да се помират со пораз на овој меч.

Резултатот од 19:8 на полувремето беше доволен во продолжението да се одигра мирно и да нема потреба да се форсира. Таквиот ритам овозможи до крајот да се дојде до висока победа од 30:18 така што Стружанка успеа да освои нови три бода и сега е на 4. позиција на табелата.

СТРУЖАНКА – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН     30:18 (19:8)

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Гледачи: 200. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Васе Зипевски од Гостивар.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ристоска, Калајџиевска 1, Јовичинац 6, Голабоска, Дукоска 4, Переска 3, Б. Затуроска 1, Јоноска, И. Затуроска 1, Ѓоршулеска 1, Балоска 2, Петреска 2, Делиоска 9.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 6 мин.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН: Ѓорѓиева 2, Додевска, Тодоровска 1, Бојковска 1, Фидановска 1, Ристевска, Буразер, Блажевска 7, Филипова 3, Кириловска, Русевска 3, Спасовска, Ангеловска, Стојчевска, Петровска.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 6 мин.