Екипата на Стружанка, која пред неколку дена означи старт на подготовките, за новата натпреварувачка сезона ќе го има на располагање ланскиот состав.
Тоа значи дека Стружанка за новата сезона ќе може да смета на Марина Митоска, Бојана Затуроска, Магдалена Делиоска, Мендувие Далипоска…
Споменатите ракометарки беа носители на играта на Стружанка во изминатата сезона, а Магдалена Делиоска заврши на 4. позиција на листата на стрелци со 197 постигнати погодоци.
Клубот од Струга во минатата сезона се покажа во солидно светло, обезбеди пласман во плеј-оф фазата и сезоната ја заврши на 7. позиција, додека кадетките на Стружанка ја одбранија титулата во кадетскиот шампионат.
Стружанка во новата сезона ќе игра во групата Б заедно со Ѓорче Петров, Феникс, Металург, Астибо, Деспина, Овче Поле СУ и Кузман Вардар.