Ракометарките на Стружанка ја остварија осмата победа во 11. коло од Женската лига на гостувањето кај Пелистер. Стружанки беа подобри од битолскиот тим за пет гола со 34:29.
Екипата на Пелистер после катастрофалните порази од Зајечар во Челенџ купот, лошата форма ја продолжи и во домашното првенство. На натпреварот против Стружанка имаше негатива во текот на сите 60 минути. На полувреме Стружанка беше имаше предност од 16:12.
Добрата игра на гостинската екипа продолжи и во вториот дел, сите налети на Пелистер за пресврт беа рутиски стопирани. Стружанка со оваа победа се задржа при врвот на табелата со осум победи и три порази. Најефикасна во тимот Пелистер беше Стојанова со десет гола, а во екипата на Стружанка најмногу се истакна Делиоска со 11 гола.
ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА 29:34(12:16)
Сала: Боро Чурлевски во Битола. Гледачи: 200. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски. Делегат: Марјан Начевски.
ПЕЛИСТЕР: Наумовска, Пецовска, Босиловска, Анчева 7, Раиф, Кајчевска, Милосављевиќ 4, Талевска 4, Огненова, Каковска, Соколеска, Нечовска, Белевска 3, Јанкуловска 1, Јанкуловска, Стојанова 10.
Седмерци: 8/10. Исклучувања: 8 мин.
СТРУЖАНКА: Ристоска, Јовичинац 3, Дукоска, Переска, Затуроска, Јоноска 2, И.Затуроска 5, Митоска, Маркоска 8, Јусуфи, Балоска 1, Петреска 4, Делиоска 11.
Седмерци: 6/6. Исклучувања: 10 мин.