Лидерот во плеј-офот од Женската Суперлига тимот на Куманово забележа победа против претпоследнопласираната Стружанка на домашен терен со 32:22. Иако почетокот на натпреварот и првото полувреме не најавуваа ваква висока победа на домаќинот.
Гостите од Струга достоен противник на лидерот на табелата беа само во првото полувреме. Куманово од почетокот го имаше водството кое го задржуваше се до финишот од првиот дел кога Стружанка успеа да направи пресврт и да замине на пауза со минимална предност од 15:16.
Стигнаа гостите на стартот од вториот дел и до водство од четири разлика (15:19). Сепак, после тие почетни минути од вториот дел фаворитот го подигна нивото на игра и со серија од 7:0 го сврти резултатот во своја корист. По таа серија од 7:0 следуваше и нова од 8:0, па веќе стануваше јасно дека нема да видиме изненанадување. На крајот Куманово славеше и со двоцифрена разлика.
Пена Граматова беше најефикасната во редовите на Куманово со осум постигнати гола, додека во редовите на Стружанка по седум постигна Далипоска Мендувие и Затуроска Бојана.