Тимот на Стружанка ја забележа втората победа во Женската лига, откако на домашен терен славеше против Деспина со убедлив 27-18.
Прилепчанки пружија добар отпор во првото полувреме, но попуштија со силите во финишот, кога домаќинките по 11-9, со серија од три гола на Делиоска, Далипоска и Ивана Затуроска стигнаа до 14-9 на пауза.
Во второто полувреме Стружанка имаше целосна контрола на резултат и на играта. До крајот, избраничките на Владимир Паноски само ја зголемува предноста до конечните девет разлика.
Во финишот на мечот поради три ислклучувања црвени картони добија Бојана Затуроска од Стружанка и Весна Христоска од Деспина, но тоа немаше влијание на резултатот.
Најдобри стрелци кај победникот беа Ивана Затуроска со десет и Магдалена Делиоска со пет погодоци, додека кај Деспина се истакна Михаела Петреска со шест гола.