Стружанка не виде мака против Деспина

Тимот на Стружанка имаше победнички старт во новата сезона од Женската лига, откако славеше на домашен терен против Деспина со 25-16.

По нерешените 4-4, избраничките на Владимир Паноски направија серија од пет гола за 9-4, и тоа беше клучниот период на мечот. На паузата беше 10-6.

Прилепчанки кои имаа 11 ракометарки во ростерот немаа сили да се вратат во натпреварот и сите обиди беа залудни.

Домаќинките одиграа рутински во второто полувреме, само ја дуплираа предноста и се израдуваа на првите бодови.

Најдобар стрелец во Стружанка беше Мендувие Далипоска со осум гола, а Ивана Затуроска даде пет. Кај Деспина се истакнаа Маја Ристеска и Ангела Камческа со по четири погодоци.