Стружанка жнее трофеи – третпат стана шампион во кадетската лига!

Екипата на Стружанка ја одбрани титулата во јадетската лига, откако во финалето на Ф4 турнирот, кој се одржуваше во Делчево, славеше против Ѓорче Петров со четири гола разлика, 28:24 (16:14).

Иако Ѓорче Петров водеше со 22:21, во 48-та минута, сепак, составот на Струга со серија од 3:0 се одлепи на 24:22 и до крајот не дозволи ривалот да се врати во игра.

За Стружанка освоената титула во оваа сезона кај кадетките е трета во низа, со што клубот од Струга уште еднаш покажа дека сериозно вложува во подмладите категории.

Третото место им припадна на ракометарките на Скопје кои дојдоа до убедлив триумф над Делчево Вардар со 40:31 (20:13).