Стружани фаќаат одличен ритам, ќе имаат што да покажат во плеј-офот

Екипата на Струга продолжува со подготовките за пролетниот дел од сезоната и за настапот во плеј-офот од Супер машката лига, а формата оди по нагорна линија.

Стружани забележаа победа на контролата против Прилеп со 29:28 и на тој начин само покажаа дека одат во вистинскиот правец.

Ова е резултат кој покажува дека и во Прилеп се работи добро и дека и овој тим ќе има што да покаже во битката за опстанок бидејќи прилепчани играат во плеј-аут лигата.

За подготовки ќе има уште цел месец бидејќи првенството треба да стартува во првиот викенд од март.