Ракометарите на Струга ги започнаа подготовките за претстојната сезона во суперлигашкото друштво.
Под водство на тренерот Наум Танески и неговиот асистент Кристијан Мечкароски, денеска беше одржан првиот тренинг на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.
Стружани се засилија со средниот бек Петар Бугариновиќ и кружниот напаѓач Богдан Ѓуровиќ, а наскоро со очекува да пристигнат и уште неколку нови ракометари.
Од клубот заминаа десниот бек Жарко Барјактаревиќ, голманот Василије Печурица, левото крило Славе Јанковски и пивотот Пеце Ѓорѓиески.
Струга ќе игра во групата А со Охрид, Бутел Скопје, Прилеп, Вардар, Куманово и Вардар Неготино и Алкалоид.