Тимот на Струга полека го склопува играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона во суперлигашкото друштво.
Ново име во составот на Наум Танески е левиот бек Марко Мулиќ, кој досега настапуваше во младинските категории на Еурофарм Пелистер.
Тој веќе ги имаше првите настапи за тимот на Струга на традиционалниот турнир, и остави добар впечаток.
Стружани претходно се засилија со искусната тројка – Велко Маркоски, Јовица Младеновски и Златко Мојсоски, како и со десниот бек Мерис Бошњак.
Договорите ги продолжија Петар Бугариновиќ, Дејан Рикановиќ и Бобан Савески.
Стружани по настапот на Струшкиот турнир ќе бидат дел и од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.