Стружанецот Цветан Кузманоски го постигна деби голот во сениорскиот дрес на Македонија, откако имаше мирна рака и го совлада Паличка во 10. минута на дуелот против Шведска.
Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2 доби шанса и беше расположен за голови на пријателските натпревари против Чиле, но овој гол против Шведска е прв на официјални средби.
Кузманоски игра во одлична форма на клупско ниво и покажува дека сериозно треба да се смета на него во иднина.
Погледнете го голот на Кузманоски….