Екипата на Вардар е победник на 51. издание на турнирот во Струга, откако во финалето против Алкалоид славеше со 25:20.
Вардар сега во својата колекција има 14 титули од турнирот во Струга, додека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер е на второ место со 13 титули.
Покрај пехарот за освоеното прво место на турнирот, кај Вардар заминаа и две индивидуални награди, меќу кои и онаа за МВП.
најдобар играч – Косуке Јасухира (Вардар)
најдобар голман – Мартин Томовски (Вардар)
најдобар стрелец – Мерис Бошњак (Струга) – 18 гола