Утре ќе стартува 51. издание на традиционалниот Струшки турнир со учество на шест екипи – три домашни и три странски.
Покрај домаќинот Струга, Македонија ќе ја претставуваат тимовите што беа на второто и третото место во Суперлигата – Алкалоид и Вардар.
Од странство ќе учествуваат грчкиот АЕК Атина, српскиот Динамо Панчево, како и шведскиот Ескилстуна Гуиф.
Домаќините од Струга веќе одржаа тренинзи на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“, додека за првпат тренираа и гостите од Шведска.
Турнирот стартува утре од 18:30 часот со мечот меѓу Струга и Вардар, по што ќе следува свеченото отворање, па дуелот меѓу Алкалоид и Динамо Панчево.