По одигрувањето на последните натпревари од групната фаза на 51. издание од Струшкиот турнир, познати се сите двојки за натпреварите на финалниот ден.
Најпрво, во утринскиот термин од 10:30 часот, ќе играат екипите на Динамо Панчево од Србија и домаќинот Струга за петтото место.
Во терминот од 18:30 часот во битката за бронза, ќе се соочат АЕК Атина од Грција и шведскиот Ескилстуна Гуиф.
Во финалето што ќе се игра од 20:30 часот и ќе биде македонско ќе играат екипите на Вардар и Алкалоид.