Oд 16 до 19 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга, ќе се одигра 51. издание на традиционалниот Струшки турнир.
Покрај домаќинот Струга, од Македонија ќе играат и двократниот европски шампион Вардар и тимот на Алкалоид.
Од странските екипи ова лето ќе дојдат грчкиот првак АЕК Атина, шведскиот тим Ескилстуна Гуиф и српскиот Динамо Панчево.
Откако минатата недела беа одредени групи, организаторот во текот на денешниот ден го објави и распоредот на натпреварите.
Ќе се игра во вечерни термини (18:30 и 20:30), додека само на финалниот ден натпреварот за петтото место ќе се одигра во утринските часови.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!