СТРУГА 2023: ДАЛИ ЗНАЕТЕ кога Струга почна да биде „меѓународен турнир“

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра традиционалниот ракометен турнир. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри...

Ракометниот турнир во Струга е најстарата спортска манифестација во Македонија, и од републички карактер каде настапувале само тимови од Македонија, брзо стигнува и до меѓународна репутација. Сега секоја година по неколку екипи што настапуваат во Струга се од странство, а голем е интересот и на тимови кои самите се јавуваат и бараат да бидат паоканети во август во Македонија.

Истиот е веќе влезен и во календарот на ЕХФ, и заедно со турнирот во Добој се најпознатите ракометни турнири на овие простори. И според традицијата, според квалитетот и уникатноста. Струга е единствен турнир што се игра на отворено, покрај Охридско Езеро.

Веќе во 1977 година турнирот добива Сојузен карактер со учество на екипи кои се натпреварувале во Првата лига на тогашна СФР Југославија: “Металопластика” – Шабац; “Дубочица” – Лесковац и “Црвена Звезда” – Белград. Карактеристично за првите пет турнири é што помина триумфално за екипата на скопски “Вардар”.

Во 1978 година турнирот прераснува во меѓународен со учество на чешкиот прволигаш “Готвалдов” од Готвалдово, а посебен белег таа година му даде за прв пат со своето учество европскиот првак и повеќекратен државен првак и освојувач на Купот на Југославија, “Борац” – Бања Лука.

На 51. издание на Струшкиот турнир што од 16 до 19 август ќе се одржи ќе настапаат екипите на Струга, Вардар, Алкалоид, АЕК Атина, Динамо Панчево и Гуиф.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!