Струшкиот турнир ова лето ќе го има јубилејното 50.издание, а веќе се познати и двете групи во кои ќе играат осум екипи – пет домашни и три странски.
Во групата А, се два тима кои се поранешни освојувачи на турнирот во Струга – Еурофарм Пелистер и АЕК Атина, потоа словачкиот шампион Татран Прешов и домаќинот Струга.
Во групата Б, исто така има два тима што освоиле трофеј покрај езерото – Вардар и словенечкиот првак Целје, а ќе играат и амбициозниот Бутел Скопје и новиот суперлигаш Алкалоид.
Натпреварите ќе се играат на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа од 16 до 20 август, а љубителите на ракометот ќе имаат шанса да следат интересни натпревари до доцните вечерни часови.