Откако беа одиграни четири средби уште не е познато кои две екипи ќе се најдат во финалето на 49. Издание на Струшкиот турнир, а според сè се чека уште една пресметка на тимовите кои беа дел од Супер купот на Македонија.
Денеска се очекува да има интересни натпревари иако е јасно дека Вардар и Еурофарм се фаворити така што денеска се очекуваат интересни средби.
Инаку, вчера беа одиграни доста интересни дуели. Составите на Струга и Бутел Скопје ремизираа во интересен натпревар, а сега за распоредот ќе решава средбата Вардар – Бутел Скопје. Доколку Вардар победи со повеќе од 13 разлика домаќинот е втор, доколку разликата биде помала тогаш екипата од Скопје ќе заврши во битката за 3. место, додека стружани ќе играат против Металург за 5. место.
Од средбата меѓу Бутел Скопје и Струга која заврши со резултат 23:23 можете да погледнете и неколку интересни фотографии во продолжение.
49. Струшки турнир (Бутел Скопје – Струга)
Двобојот меѓу Еурофарм Пелистер и Металург синоќа, пак, даде најава за тоа кој ќе оди во трката за 5. место од оваа група. Затоа, пак, битолчани и кавадарчани ќе имаат пресметка за првото место во групата, а воедно и за тоа кој составот ќе се бори во финалето.
Како беше на дуелот меѓу Металург и Еурофарм Пелистер (24:25) синоќа можете да погледнете и низ фотографиите.
49. Струшки турнир (Еурофарм Пелистер – Металург)
Вечерва средбите се играат од 19 часот (Еурофарм Пелистер – Тиквеш) и од 21 часот (Вардар – Бутел Скопје).
СТРУШКИ ТУРНИР
ГРУПА 1
1.КОЛО
СТРУГА – ВАРДАР 26:39
2.КОЛО
БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА 23:23
3.КОЛО (21:00ч)
ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ
ТАБЕЛА: 1. Вардар 2 бода (39:26); 2. Бутел Скопје 1 (23:23); 3. Струга 1 (39:62).
ГРУПА 2
1.КОЛО
ТИКВЕШ – МЕТАЛУРГ 30:26
2.КОЛО
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 25:24
3.КОЛО (19:00ч)
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ТАБЕЛА: 1. Тиквеш 2 бода (30:26); 2. Еурофарм Пелистер 2 (25:24); 3. Металург 0 (50:55).