Кјелце и Веспрем веќе потврдиле дека се заинтересирани да дојдат на турнирот во Струга, а се преговара и со ПСЖ и Барселона. Турнирот ќе биде со 8 екипи, од кои најмалку 3 странски.
Најпознатиот ракометен турнир во Македонија, оној што се одржува на Отвореното игралиште во Струга годинава по 49. пат беше домаќин од 12 до 15 август продолжувајќи ја традицијата што со децении е без разлика на ситуацијата. Така беше и лани и годинава кога и покрај многуте здравствени препораки турнирот повторно се одржа.
Претседателот на Организациониот Одбор на турнирот, Кире Јованоски истовремено е и претседател на РК Струга кој низ годините вложуваше големи напори турнирот да се одржи. Годинава исто како и лани, истиот има „домашен“ карактер со учество на екипи само од Македонија, но повторно се враќа традицијата на турнирот да играат најдобрите екипи од Македонија, вклучувајќи ги и првакот, победникот на купот.
Но, за следниот турнир кој треба да биде јубилеен 50-ти. се предвидени и многу звучни имиња. Тој би требало да биде „лига на шампиони во мало“.
Веќе сега има позитивни одговори од Кјелце и Веспрем, а се разговара и со ПСЖ и Барселона. Ако се биде како што треба тоа веројатно ќе биде најсилнот турнир досега организиран во Струга.
Голем е предизвикот да се организира турнир во вакви услови.