Металург во новата сезона тргнува со 3. место на Струшкиот турнир откако денеска го совлада Охрид со 31:26. Ова беше натпревар во кој Охрид даде силен отпор во добар дел од средбата, но Металург покажа дека има квалитет за да се бори 60 минути и да одигра на ниво во текот на целиот меч.
Натпреварот беше доказ дека Металург во новата сезона влегува далеку поамбициозно, но и дека Охрид исто така ќе има што да покаже во новата сезона бидејќи се работи за екипа која и лани беше во врвот.
И Кастратовиќ и Стојановиќ видоа што треба да поправаат така што од турнирот можат да извлечат многу и тоа да им даде голем плус за продолжението од подготовките.
[soliloquy id=”138351″]