Своето тренерско дерби на ракометните терени, Горан Кузманоски ќе го има против составот на Струга, а настапите на струшкиот турнир секако ги памети по убаво бидејќи секогаш кога настапуваше на истиот успеваше да се истакне.
На почетокот на својата кариера во 2001 година како член на кадетската репрезентација на Македонија покажа дека има квалитет. Кузманоски тогаш беше најдобар стрелец на турнирот и отвори едно убаво поглавје во својата кариера.
„На струшкиот турнир дебитирав уште во 1999 година со тимот на Т. К. Бренд. Сепак, две години подоцна со репрезентацијата дојдов до признанието за најдобар стрелец. Имаше големо растојание до втората круна во 2018 година како играч на Еурофарм Работник“, коментира Кузманоски потсетувајќи се на играчките денови на струшкиот турнир.
Тој во 2018 година постигна 27 гола, а со неговиот тим тогаш финишираше на 7. позиција.