Ракометарите на Металург ја забележаа првата победа на 48. издание на Струшкиот турнир, откако славеа над новиот суперлигаш Прилеп со 33-24.
Во првиот дел прилепчани одржуваа рамнотежа и беа рамноправен ривал, но во вториот дел тимот од Автокоманда предводен од одличните Ѓорѓески на голот и Шилегов во нападот не му дадоа шанса на Прилеп.
Најдобар стрелец беше Шилегов со осум погодоци, а шанса за игра добија сите ракометари од ростерот на Зоран Кастратовиќ.
Металург ако утре ја победи Струга, в недела го чека меч за третото место на турнирот.
[soliloquy id=”137902″]