СТРУГА 2020: Пелистер и Вардар од ова лето се израмнети, заедно имаат пола од трофеите

Екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар после 48. Издание на Струшкиот турнир се израмнети и сега се на делба на вечната листа на освојувачи на турнирот. И двете екипи имаат по 12 трофеи така што доколку учествуваат следното лето тоа ќе биде турнир со многу возбудувања.

Победата од 26:23 во финалето за Еурофарм Пелистер беше од големо значење за битолчани бидејќи така успеаја да стигнат до голем триумф со кој го надоместија заостанувањето во однос на трофеите со „црвено-црните“.

На листата сега има две екипи кои заедно имаат пола од трофеите кои досега се доделуваа на турнирот. Од 48 турнири, 24 пехари завршиле во витрините во Скопје и во Битола така што овие два тима немаат вистинска конкуренција кога се работи за Струшкиот турнир и остануваат две легендарни екипи.

ВЕЧНА ЛИСТА НА ПОБЕДНИЦИ НА СТРУШКИОТ ТУРНИР

12 – Вардар, Еурофарм Пелистер

4 – Борац (Бања Лука)

3 – Металург, Т. К. Бренд, Металопластика

2 – Железничар, Шартр

1 – Струга, В. В. Тиквеш, Аски Анкара, Приштина, Сесон Рен, Целје, Аек