Нашите најдобри судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, се делегирани да ја делат правдата на финалниот натпревар од 48. издание на Струшкиот турнир меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.
Делегат на мечот за трофеј, кој ќе се игра на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ од 21:15 часот ќе биде Камер Металари.
Организаторот ги делегира браќата Михајло и Методија Илиевски на дуелот за петтото место меѓу Бутел Скопје и Прилеп од 17:15 часот, а делегат ќе биде Душко Камишевски.
Во 19:15 часот ќе започне малото финале меѓу Металург и Охрид, а ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека делегат ќе биде Славчо Каланоски.