СТРУГА 2020: Кои се последните 25 победници на традиционалниот турнир

Новото 48. издание на струшкиот турнир ќе донесе интересни натпревари, но овој пат за разлика од минатото ќе има само екипи од домашна сцена.

Поради пандемијата со коронавирусот немаше можност за доаѓање на екипи од страна така што ќе има исклучиво домашни состави кои ќе треба да ги одмерат силите на натпревари што ќе се играат во 15 дена.

Меѓу учесниците има четири поранешни освојувачи на трофејот, но ќе ги нема последните победниците од последните пет години. Последен тим од оние кои ќе играат, а победиле во Струга е Металург кој славеше во 2014 година и тоа беше третата круна во серија.

Списокот од последните 25 победници можете да го погледнете во продолжение.

ПОСЛЕДНИ 25 ПОБЕДНИЦИ

1995 Пелистер

1996 Пелистер

1997 Пелистер

1998 Тутунски Комбинат Бренд

1999 Аски Анкара (Турција)

2000 Вардар

2001 Вардар

2002 Пелистер

2003 Вардар

2004 Вардар

2005 Вардар Про

2006 Вардар Про

2007 Вардар Про

2008 Приштина (Косово)

2009 В. В. Тиквеш

2010 Пелистер

2011 Пелистер

2012 Металург

2013 Металург

2014 Металург

2015 Сесон Рен (Франција)

2016 Шартр (Франција)

2017 Шартр (Франција)

2018 Целје (Словенија)

2019 Аек (Грција)