Денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе заврши 48. издание на Струшкиот турнир на кое имаше екипи само од домашната сцена. За разлика од претходните години овој пат ова беше турнир на суперлигашки состави кои имаа можност за подготовка за новиот шампионат.
Од осумте учесници пет состави победувале на турнирот, меѓу кои и двата финалисти. Рекордер според бројот на трофеи е Вардар, кој досега 12 пати си има заминувано со пехарот од Струга. Последен пат го направи тоа во 2007 година кога го совлада Динамо Букурешт.
Еурофарм Пелистер има еден трофеј помалку, а последен пат триумфираше во 2011 година кога беше подобар од екипата на Борец. Металург е третиот тим кој е на оваа листа со три трофеи, а тоа беше хет-трик од 2012 до 2014 година.
Двата финалисти имаат освоено вкупно 23 титули на досегашните 47 одржани турнири. Единствен клуб од домашната сцена, кој не играше годинава, а успеал да победи во Струга е ВВ Тиквеш.
Финалето меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 21:15 часот.
ВКУПНО ПОБЕДИ НА СТРУШКИОТ ТУРНИР
12 – Вардар
11 – Еурофарм Пелистер
4 – Борац Бања Лука
3 – Металург, Т. К. Бренд, Металопластика
2 – Железничар, Шарт
1 – Струга, ВВ Тиквеш, Аски Анкара, Приштина, Сесон Рен, Целје, АЕК Атина