Струга со три од три – го победи Тиквеш во Кавадарци

По двете победи над Прилеп во првите контролни натпревари, тимот на Струга славеше и во третата пријателска средба.

Избраниците на Наум Танески триумфираа на гостувањето во Кавадарци кај составот на Тиквеш со 28-31.

За кавадарчани ова беше втор тест натпревар, откако претходно беа поразени и во Автокоманда од Металург.

Струга ќе игра во разигрувањето за титулата, додека Тиквеш ќе се бори за опстанок во суперлигашкото друштво.