Струга со пенали до 5. место на турнирот во Прилеп

Ракометарите на Струга дојдоа до 5. позиција на Меморијалниот турнир во Прилеп откако го совладаа тимот на ГА КЛ 7 со 31:29 после нерешените 27:27 во регуларниот дел од средбата.

Од почетокот на средбата тимот на Струга беше во предност и постојано имаше 2-3 гола во своја полза. Одеше добро во овој период и сите работи водеа кн тоа составот на Струга да нема поголем проблем за да дојде до триумф.

Сепак, беше рано за прославување и на одмор се замина со 17:15 така што мораше во продолжение да се одигра исто така концентрирано за да се успее во намерите да се дојде до позитивен резултат.

Вториот дел од средбата мина во израмнета игра. Постојано беше тензично на резултатски план, па решаваше еден или два шута. Во таква игра се влезе и во неизвесна завршница во која и двете екипи имаа шанси за победа.

Струга го имаше последниот напад, но ракометарите на ГА КЛ 7 успеаја да се одбранат. Иако биеја прецизно во голот на Струга, времето беше веќе истечено, па средбата заврши со 27:27 и победникот го решаваа удари од седум метри.

Пенал рулетот траеше четири серии бидејќи стружани ги реализираа сите удари, додека ракометарите на ГА КЛ 7 имаа две промашувања, па натпреварот заврши со конечни 31:29.