Екипата на Струга по настапите на традиционалниот турнир, продолжи со одигрување на пријателски натпревари пред стартот на новата сезона.
Избраниците на Наум Танески славеа убедлива победа над прволигашот Аеродром со 30-23, а на полувремето имаше предност од плус три, 12-9.
За Аеродром ова беше прв пријателски натпревар, па во следните сигурно момците на Дарко Петровски ќе имаат можност да прикажат подобра игра.
Овие две екипи ќе одиграат уште еден тест натпревар в понеделник.