Металург по триумфот над Тиквеш, загуби на гостувањето кај Струга со 35-21. Иако во ростерот по долго време се врати Озтурк, тимот од Автокоманда беше немоќен покрај езерото и мораше да му честита на домашниот тим, кој ја прекина серијата од три порази.
Домаќините поведоа со 6-1 и јасно беше во каков правец ќе се движи овој натпревар. Беше 8-5, па 13-9 во 25 минута, па гостите не реализираа погодок во последните пет минути од првиот дел.
Струга тоа го искористи, ги казни сите грешки на Металург и преку Костоски, Блажески и Бајрактаревиќ со серија од четири гола поведе со 17-9. Гостите го имаа последниот напад, но не го реализираа и на пауза се замина со тој резултат.
Во второто полувреме немаше никакви возбудувања, се измешаа поставите на теренот и шанса добија сите ракометари. Стружани само рутински го приведоа мечот до крај со конечна победа со 14 погодоци разлика.
Најдобри стрелци кај Струга беа десниот бек Жарко Бајрактаревиќ со десет и десното крило Бобан Блажески со шест гола. Кај Металург се истакна Милан Лазаревски со седум погодоци, иако играше на бековската позиција.