Екипата на Струга продолжува со формирање на ростерот за следната натпреварувачка сезона во Супер лигата.
По левиот бек Петар Бугариновиќ, Струга се засили со млад црногорски кружен напаѓач – Богда Ѓуровиќ.
Ѓуровиќ има 21 година (195/105) и доаѓа од екипата на Слобода Тузла, каде што настапуваше минатата сезона, беше дел од Спартак Суботица, а потекнува од тимот на Ловќен.
Струга ќе биде дел од групата А во Суперлигата заедно со екипите на Охрид, Бутел Скопје, Алкалоид, Вардар, Вардар Неготино, Куманово и Прилеп.