Тимот на Струга донесе уште еден интернационалец со кој ќе биде комплетиран ростерот пред стартот на новата сезона во суперлигашкото друштво. Новиот бек ќе настапи на турнирот во Прилеп што почнува утре, а каде Струга ќе игра во група против екипите на ПАОК и на Прилеп.
Српскиот десен бек Урош Лазаревиќ, е пред потпис со Струга, која веќе има тројца интернационалци во составот – бекот Петар Бугариновиќ, пивотот Богдан Ѓуровиќ и голманот Дејан Рикановиќ.
Лазаревиќ има 39 години, одлични физички предиспозиции (201/95) и големо искуство од настапи низ Европа и Азија.
Тој потекнува од Металопластика Шабац, а потоа настапуваше за швајцарските Луцерн и Грасхоперс Цирих, за словенечкиот Горење Велење, а беше дел и од италијанските Анкона и Бриксен.
Настапуваше во Германија за Емсдетен, во Австрија за Кремс, потоа за иранскиот Саменалхојај, катарскиот Ал Шамал, па сигурно со големото искуство ќе биде од корист за младиот тим на Струга.
Стружани се во групата А од Суперлигата заедно со Вардар, Вардар Неготино, Бутел Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп и Алкалоид.