Екипите на Струга и Прилеп денеска ќе го имаат првиот натпревар во новата сезона од Супер машката лига откако во првото коло беа слободни.
И денеска ќе има шест натпревари во двете групи така што следуваат нови пресметки.
Средбите се играат во пет рзлични термини, а само од 18:30 часот ќе има да натпревари. Кои се средбите денеска со точни термини и кои се официјалните лица може да види од делегирањето за натпреварите кои се предвидени за денеска.
СУПЕР МАШКА ЛИГА, 2. КОЛО
ПОНЕДЕЛНИК, 14 СЕПТЕМВРИ
ГРУПА А
18:30ч
СТРУГА – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА
Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
19:00ч
РАДОВИШ – КЛ 7
Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.
19:30ч
ПРОЛЕТ 62 – АСТРАИОН
Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.
ОХРИД е слободен
ГРУПА Б
18:00ч
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАБОТНИЧКИ
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делеат: Илија Цветковски од Прилеп.
18:30ч
ПРИЛЕП – МЕТАЛУРГ
Сала: „Р. Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.
20:00ч
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЛАДОСТ 1977
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.
ГРК ТИКВЕШ е слободен