Струга важела и се уште важи за град од кој потекнуваат многу ракометари што играат важна улога во суперлигашките клубови и оставиле белег во македонскиот ракомет.
Браќа Мојсовски, браќата Маркоски, браќата Костески, Танески, Јоновски, Ојлески, Ѓоргоновски, Даскаловски…
Уште еден доказ дека Струга е расадник на ракометари, говори и фактот што дел од пионерите на оваа екипа, кои станаа шампиони на Македонија, синоќа по завршувањето на двата меча од Струшкиот турнир, останаа да тренираат и играат ракомет и после полноќ…