Струга го победи Прилеп во пријателски натпревар

Тимот на Струга, што ќе игра во плеј-офот од Суперлигата, славеше на првиот пријателски натпревар од стартот на подготовките.

Избраниците на Наум Танески победија на гостински терен со 26-29 кај Прилеп, за кој ова беше трет контролен дуел.

Претходно прилепчани одиграа две средби со уште еден учесник во плеј-оф, Еурофарм Пелистер 2.

Стружани се подготвуваат за плеј-офот, додека Прилеп ќе се бори за опстанок во суперлигашкото друштво.