Португалија со голем пресврт славеше над Франција со 29-28 и обезбеди место на Олимписките игри во Токио.
Јунак на Португалците беше Руи Силва, кој го искористи подарокот од Французите и го постигна победничкиот гол во последните секунди.
Тие му ја посветија големата победа на неодамна починатиот Алфредо Кинтана, а стрелецот на голот вреден Олимпијада го имаше тетовирано неговиот лик пред стартот на турнирот.
„Трчаше со мене, шутираше со мене и постигна гол со мене. Сега одиме во Токио и заедно ќе продолжиме да правиме историја!“, напиша Руи Силва.
View this post on Instagram