После номинациите за ракометар и ракометарка на година ИХФ ги објави кандидатите и за тренер на годината.
Помеѓу кандидатите најдобар тренер во 2021 година е и екс-тренерот на Вардар кој на црвено-црните им ја донесе втората европска титула, Роберто Гарсија Парондо. Парондо до номинацијата стигна пред се успехот со репрезентацијата на Египет. Парондо паралелно потпиша договор и со тимот на Мелсунген од Бундеслигата.
Тука се уште селекторот на Данска, Николај Јакобсен, селекторот на Франција Жил Гијом, селекторот на Шпанија Жорди Рибера и единствениот кој има само клупски ангажман Хавиер Пасквал Фуертес од Барселона.
Гласањето ќе стартува од понеделник (7. март) и ќе биде отворено до 28. март кога ИХФ ќе го објави победникот.