Ѕвездата на романскиот ракомет во осумдесетите години Василе Стинга, кој подоцна работеше како тренер во интервју за романските медиуми го искажа неговиот став кон поранешниот селектор на женската селекција на Романија, Томас Риде.
„Кога репрезентациајта ја водеше Георге Тадичи неговата плата беше околку 500 евра, а Риде добиваше од 15 до 20 илјади евра. Исто така тој ијави дека ќе присуствуа на три или четири натпревари месечно во националниот шпампионат. Овој став кон странците е непреведен. Романските тренери се чувствуваа потценето, нивните плати беа многу ниски. Исто така странските тренери не ги посстигнуваа очекуваните резултати, тие само ги земаа нашите пари и не оставаа без ништо. Погледнете што се случи со Амброш Мартин, тој замина во Русија додека имаше договор со Романија, како е можно тоа? Мислам дека претседателот Александар Деду треба да си поднесе оставка и целиот негов тим да си замине од репрезентацијата“, изјави Стинга.
Риде доби отказ од селекторската позиција на Романија откако имаше слаби резултати на Светското првенство во Кумамото, Јапонија, а во исто време тврдеше дека неговиот отказ е противзаконски. Во јануари романскиот тренер Богдан Буричеа го замени на клупата на Романија.