Црногорската ракометарка Есма Муратовиќ која настапува во првенството на Шпанија во екипата Лансароте на социјалните мрежи сподели каква е ситуацијата во Мадрид и другите градови во земјата.
„Ситуацијата е алармантна, умираат најблиските…Кај нас на островот малку е постабилно. Во Мадрид е пеколно, страв ми е да одам до продавница. Редиците се многу големи и лесно може да се рашири зараата. Имам само една маска кој ја добив од цимерката. Маски, ракавици и останати средства нема во аптекте“, сподели Муратовиќ.
Иако според проценките вирусот не може да живее на топло време, сепак стигна и до најтоплите краеви во државата.
„Никој не мислеше дека корона вирусот ќе завладее на Канарските острови, пред се затоа што тука температурата е 28 степени, плажите се полни, луѓето се капат но очигледно нема правила.
Околу можноста за враќање во својата татковина Муратовиќ вели:
„Подобро е да останам тука, за да можам да се вратам дома морам да одам во Мадрид, а таму е најголемото жариште. Таму веројатно би се заразила со вирусот“, рече црногорката.