Страв и трепет: Како Лазаров ги „протресе“ играчите на Алкалоид на тајм-аут (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Вардар славеше против новиот суперлигаш Алкалоид со 28-25 во 4 коло од Суперлигата и сега е единствен тим со максимални бодови во елитното друштво. По водството на „црвено-црните“ со 21-17 кон средината на вториот дел, тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров, повика тајм-аут. Тој беше лут на играчите и убаво ги „протресе“, по што тие се вратија набрзина во игра за позитивен резултат. Сепак во финишот повторно попуштија и Вардар успеа да слави.