Тимот на Цвикау, каде што настапува македонската репрезентативка Симона Стојковска, одигра нерешено со фаворизираниот Олденбург.
Македонката беше меѓу најдобрите ракометарки во домашниот тим и постигна четири гола од шест обиди, а заработи две исклучувања и подели три асистенции.
Цвикау на домашен терен успеа да „украде“ бод против фаворитот, кој водеше со 25-22 во финишот на мечот.
Стојковска погоди за 25-23, а потоа уште три гола дадоа домаќинките кои останаа без победа, откако Олденбург погоди на петнаесетина секунди до крајот.
Цвикау сега има 3 бода и до крајот на сезоната ќе го чекаат важни битки за опстанок.