Ракометарите на Драчево продолжуваат со добрите игри во рамки на групата А од Првата лига и во 11. коло забележаа победа на гостински терен против екипата на Шампион со 19:33.
Шампион немаше никакви шанси на овој натпревар, уште од самиот старт беа во негатива. Драчево го контролираше резултатот, а во одбрана играше одлично и на противникот му дозволи да постигне само седум гола. На полувреме беше 7:13.
Во второто полувреме Драчево ја продолжи доминацијата и рутински контролираше се на теренот. Победникот беше реше уште на средината на вториот дел кога гостите стигнаа до двоцифрено водство и до крај запишаа лесни бодови.
Со овој триумф Драчево се зацврсти на третата позиција на табелата со 24 бодови, додека Шампион останува на дното на табелата само пред Преспа. Најефикасен во победата на Драчево беше Никита Стојановски девет гола, а Филип Дабевски додаде уште седум, додека прв стрелец за Шампион со шест гола беше Александар Велјановски.